• сабота, 22 јуни 2024

ЕП 2024: Без победник во дербито помеѓу Франција и Холандија

ЕП 2024: Без победник во дербито помеѓу Франција и Холандија

Лајпциг, 21 јуни 2024 (МИА) - Фаворитите од групата Д на ЕП 2024, Холандија и Франција, познати по напаѓачки фудбал, не постигнаа гол и се задоволија со стратешкото реми, забележувајќи го првото реми без голови на шампионатот во Германија.

Во првото полувреме двете екипи имаа добри шанси за гол, кои не ги искористија, а најчистите шанси ги пропуштија Фримпонг и Гризман.

По паузата помалку се ризикуваше, но Франција повеќе ја бараше победата. Сепак, Гризман направи уште еден голем пропуст.

Голот на Чави Симонс, пак, беше поништен поради наводен офсајд, кој предизвика многу дискусии.

Сепак, овој резултат ги остава двете екипи на првите две места во групата со по 4 бода. Веднаш зад нив е тимот на Австрија. дс

Фото: УЕФА ЕУРО 2024

Остани поврзан