• понеделник, 15 јули 2024

ЕП У-19: Македонските ракометарки се среќаваат со Норвешка

ЕП У-19: Македонските ракометарки се среќаваат со Норвешка

Миовени, 11 јули 2023 (МИА) - Македонската женска репрезентација денес во 12 часот ќе се соочи со Норвешка во разигрувањето за пласман од  9. до 16. место на Европското првенство за ракометарки до 19 години.

 

По трите порази во преелиминарната фаза од репрезнтациите на Црна Гора, Данска и Чешка, Македонките не се пласираа во главната рунда на шампионатот во Романија.

 

Покрај Норвешка, противник на „црвено-жолтите“ во разигрувањето ќе биде и репрезентацијата на Србија. зс/

Остани поврзан