• вторник, 17 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Епидемија на сипаници регистрирана во шест американски држави

Епидемија на сипаници регистрирана во шест американски држави

Вашингтон, 16 април 2025 (МИА) – Бројот на заболени од мали сипаници во САД надмина 700, а епидемија е регистрирана во вкупно шест американски држави, јавија денеска американските медиуми.

Од почетокот на годината како последица на оваа болест починаа три лица, две невакцинирани деца на училишна возраст во Западен Тексас, како и еден возрасен во Ново Мексико кој исто така бил невакциниран.

Последните пет случаи на мали сипаници денеска ги потврдија здравствените власти во Канзас. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан