Енрике: Тешко е да се игра против Брест, без сомнение еден од најдобрите француски тимови
- Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике е задоволен од победата (7:0) над Брест синоќа во реваншот од плејоф рундата од Лигата на шампионите.

Париз, 20 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике е задоволен од победата (7:0) над Брест синоќа во реваншот од плејоф рундата од Лигата на шампионите.
- Тешко е да се игра против Брест. Ова е без сомнение еден од најдобрите француски тимови. Не паднавме во стапицата на еуфоријата по победата на првиот меч. Моите фудбалери играа многу прибрано. Бевме одлични во текот на целиот натпревар. Имаме голема почит кон Брест. Тие имаа неверојатна сезона. „Им честитаме ним и на нивниот тренер, изјави Енрике по реваншот со Брест.
ПСЖ се пласираше во осминафиналето каде ќе игра или со Ливерпул или со Барселона.
Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се изврши утре (21 февруари). зс/
Фото: ЕПА