Енрике пред мечот со Ливерпул: Имаме само една опција, да излеземе на теренот и да победиме
- Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике ги сподели своите очекувања за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Ливерпул.

Ливерпул, 11 март 2025 (МИА) - Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике ги сподели своите очекувања за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Ливерпул.
Првиот натпревар заврши со победа на англискиот клуб од 1:0.
- Мојот пристап не се менува, но вистина е дека како што стојат работите сега, ние сме во негатива. Имаме само една опција - да излеземе на терен и да победиме. Сакаме да покажеме дека сме способни да одиграме добар натпревар на стадионот на Ливерпул. Нашата цел е јасна - да се обидеме да бидеме подобри од нашиот противник. Тешко е да се игра на гости, но ќе се обидуваме да ја контролираме ситуацијата. Целта ни е да го имаме поседот на топката, тоа е нашата основа, а потоа ќе видиме како ќе се развива натпреварот, изјави Енрике за веб-страницата на УЕФА.
Натпреварот ќе се одигра вечер (почеток 21 часот) на стадионот „Енфилд“. зс/
Фото. ЕПА