Енрике: Мислам дека резултатот на натпреварот со Њукасл е неправеден
- Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике даде свое видување за поразот од Њукасл (1:4) во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Њукасл, 5 октомври 2023 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике даде свое видување за поразот од Њукасл (1:4) во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
- Почнавме со добар став, се справивме со притисокот на Њукасл и Дембеле имаше вистинска шанса на своето деби. Искрено, мислам дека резултатот е неправеден, но сакам да му честитам на Њукасл, кој одигра многу добро, го цитира Енрике прес-службата на УЕФА.
Њукасл по синоќешната победа изби на првото место во групата Ф со 4 бодови. ПСЖ остана на 3 бода и падна на второто место, пред Милан со 2 и Борусија Дортмунд со 1 освоен бод. зс/
Фото: ЕПА