• петок, 22 ноември 2024

Емери останува на клупата на Астон Вила

Емери останува на клупата на Астон Вила

 

Бирмингем, 23. април 2024 (МИА) – Раководството на англискиот фудбалски прволигаш Астон Вила ја продолжи денеска соработката со тренерот Унаи Емери до крајот на 2027, објавија денеска британските медиуми.

Според „Атлетик“, Емери останува на клупата на Астон Вила како награда за добрите резултати оваа сезона на клубот од Бирмингем.

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига и во моментов се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиер лигата, позиција која води во Лигата на шампионите следната сезона.

Атлетик објави дека сопствениците на клубот од Бирмингем планираат долгорочна соработка со Емери и го гледаат 52-годишниот шпански стратег како нова верзија на Алекс Фергусон, кој 26 години успешно го водеше Манчестер Јунајтед. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан