Ембид: Лаури не добива почит каква што заслужува
- Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, реагираше на настапот на играчот на Торонто репторс, Кајл Лаури, во натпреварот број 6 од второто коло во плејофот против Бостон (125:122 по две продолжен

Орландо, 10 септември 2020 (МИА) - Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, реагираше на настапот на играчот на Торонто репторс, Кајл Лаури, во натпреварот број 6 од второто коло во плејофот против Бостон (125:122 по две продолженија).
Лаури за 53 минути постигна 33 поени, осум скока и шест асистенции.
Според Ембид, плејмејкерот е потценет играч.
- Лаури не ја добива заслужената почит. Тој е победник, напиша Ембид на Твитер.