• вторник, 05 ноември 2024

Ел Сиси: Меѓународната заедница да го запре присилното раселување на Палестинците од Појасот Газа 

Ел Сиси: Меѓународната заедница да го запре присилното раселување на Палестинците од Појасот Газа 

Пекинг, 30 мај 2024 (МИА) – Претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси ја повика меѓународната заедница да се погрижи Палестинците да не бидат присилно раселени од Појасот Газа, разурнат од војна.

- Ја повикувам меѓународната заедница веднаш да обезбеди долгорочна хуманитарна помош за Појасот Газа и да ја прекине израелската опсада и да го запре секој обид да се принудат Палестинците да ја напуштат својата земја со сила, истакна ел Сиси на Арапски форум за соработка во Пекинг.

Кинескиот претседател Си Џинпинг на Форумот посочи дека Пекинг сака поблиски врски со арапскиот свет. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан