• понеделник, 23 декември 2024

ЕК нарача 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници

ЕК нарача 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници
Брисел, 26 септември 2022 (МИА) - Европската комисија (ЕК) купи 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници. „Трендот на намалување на бројот на случаи на мајмунски сипаници во Европската унија е охрабрувачки, но тоа не значи дека заканата помина или дека можеме да го намалиме нашето внимание“, рече комесарката за здравство на ЕК, Стела Киријакидес. Речиси 20.000 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во Европската унија, Исланд и Норвешка од почетокот на актуелната епидемија, но бројот на нови случаи опаѓа во последните недели, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. „Со овие средства ќе им помогнеме на земјите-членки да ги задоволат тековните потреби и да обезбедат грижа за повеќе пациенти во Европа“, рече Киријакидес. Членките на ЕУ и другите земји кои се дел од Механизмот за цивилна заштита ќе можат да ги користат лековите „тековиримат“. паг/
   

Остани поврзан