Експресна победа за македонските одбојкари на гостувањето во Грузија
- Македонската одбојкарска репрезентација со убедлива победа ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Тбилиси, 17 август 2024 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација со убедлива победа ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Попладнево во Тбилиси, Македонија ја победи Грузија со убедливи 3:0, по сетови (25:12, 25:14 и 25:18).
По осум дена (25 август) македонските одбојкари ќе ја пречекаат Грција во рамките на 2. коло од квалификациите за ЕП 2026 група-Ф.
Директен пласман на Европското првенство ќе обезбеди само првопласираната репрезентација. зс/
Фото: ОФМ