• недела, 22 декември 2024

Експлозија во хидроцентрала во Италија, 10 лица повредени и шестмина исчезнати

Експлозија во хидроцентрала во Италија, 10 лица повредени и шестмина исчезнати

Рим, 9 април 2024 (МИА) - Шест лица се сметаат за исчезнати, а 10 се повредени, од кои четворица потешко во експлозија во хидроцентрала во Италија. Повредените се здобиле со тешки изгореници.

Италијанските медиуми јавија дека кај браната на езерото Сувијана, која се наоѓа меѓу Болоња и Фиренца, попладнево околу 15 часот дошло до експлозија.

Полицијата и пожарникарите трагаат по исчезнатите лица.

„Се чини дека избувна пожар на деветтиот кат, целата електрана е под нивото на езерото на околу 30 метри длабочина“, објасни градоначалникот на Камуњано, Марко Масинара.

Според првите, делумни информации, „се вршела работа на турбините, внатре има персонал. - Ми рекоа дека пожарникарите се обидуваат да влезат, но имаат потешкотии, појасни градоначалникот.

Портпаролот на компанијата „Енел Грин Пауер“ соопшти дека имало пожар на трансформаторот и посочи дека ги преземале сите безбедносни мерки за евакуација и заштита на персоналот. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан