• среда, 17 декември 2025

Експлозија во воен комплекс во Лахор, повредени четири лица

Експлозија во воен комплекс во Лахор, повредени четири лица

Лахор, 8 мај 2025 (МИА) - Четири лица се повредени во експлозија што се случи утрово во воен комплекс во Лахор, главниот град на пакистанската покраина Пенџаб, изјавија официјални извори за кинеските медиуми.

Експлозијата е регистрирана утрово во објектот за воздушна одбрана „4 Air Defense (AD)“, кој се наоѓа во населбата Гулберг III, позната и како Волтон Лахор, во непосредна близина на Командата на Морнаричкиот воен колеџ.

Воените и поморските власти веднаш го блокираа местото, додека полицијата и другите безбедносни служби ја обезбедуваа пошироката област околу комплексот.

Според првичните информации, инцидентот се третира како можен напад со ракета или дрон. Засега нема официјална потврда за причината за експлозијата, а истрагата е во тек. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан