• петок, 22 ноември 2024

„Еко-свест“: Праведната транзиција на регионите со јаглен да започне веднаш

„Еко-свест“: Праведната транзиција на регионите со јаглен да започне веднаш
Скопје, 20 јануари 2021  Во текот на 2020 година, нашата Влада зацрта високи и амбициозни цели во секторите енергија и клима кои ќе биде тешко да се достигнат доколку не забрзаат процесите за транзиција на ТЕЦ на јаглен кон обновливи извори на енергија, меѓутоа и транформирање на економијата во регионите со јаглен како никој не би останал без работа и егзистенција. Реалноста е дека ние немаме повеќе време да се лажеме дека можеме да ги одржуваме термоелектраните на јаглен во земјава, немаме ниту јаглен ниту финансиски средства за одржување на сите вработени во тие термоелектрани бидејќи има превработеност. Не можеме да си дозволиме ниту да продолжат да работат како досега, без потребниот десулфуризатор, бидејќи луѓе ни умираат од канцерогени заболувања секој ден, особено во Битолскиот регион. За да се спасат Кичевскиот и Битолскиот регион од замирање потребно е веднаш да започне процесот на долгорочно планирање на праведната транзиција- усвојување на план за праведна транзиција на овие региони и во овој процес мора активно да учествуваат работниците, синдикатите, локалното население, малите и традиционални бизниси, граѓанските организации и локалните власти од Кичевскиот и Битолскиот регион. Потребни се анализи на работоспособното население во регионите и можности за развој на алтернативни економски гранки за да се обезбеди понатамошен развој на овие региони. Владата има должност да не ги заборави граѓаните од овие региони и да мобилизира финансиски средства во насока на реализација на зацртаните цели во План за праведна транзиција кој мора итно да се донесе. Властите мора да бидат апсолутно транспарентна со сите засегнати чинители. Приватните бизниси можат да помогнат, локалното население е заинтересирано да произведува електрична енергија од сонцето со поставување фотоволтаици на кровови на домаќинствата, бизнисите и јавните згради- потребна е доверба. Одговорноста и на локалните власти во подршка и фасилитирање на овие процеси е огромна. Центар за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“  ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Тагови

Остани поврзан