• петок, 22 ноември 2024

Економијата на САД во јануари со рекордни 467.000 вработувања

Економијата на САД во јануари со рекордни 467.000 вработувања
Вашингтон, 4 февруари 2022 (МИА) - Во американската економија во јануари се вработиле 467.000 лица, на изненадување на аналитичарите кои ги ревидираат прогнозите за многу побрзо заздравување на економијата поради пандемијата на Ковид-19. Американското Министерство за труд ги ревидираше и податоците за ноември и декември. Во декември беше известено дека се вработиле 199.000 лица но реалната бројка била 510.000, додека во ноември се вработиле вкупно 647.000 лица, од првичната бројка од 249.000. Извештајот денеска беше поздравен од Белата куќа. Претседателот Џо Бајден во обраќање истакна дека САД се наоѓаат на исправен пат за обнова на економијата и намалување на невработеноста, но приориет на администрацијта е да се заузда инфлацијата. Добриот јануарски резултат ги потврдува очекувањата Федералните резерви да ги покачат каматните стапки во 2022 година за зауздување на економијата. Првото покачување треба да се случи во март. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан