Еколошки тезги поставени на пазарот во Тетово, со проект на невладина организација
- Продавачите на чаеви, мед, разни планински растенија и овошја во иднина на тетовскиот зелен пазар ќе можат да ги нудат своите производи од новите еколошки тезги поставени во рамки на проектна активност на невладина организација и Општина Тетово.
Тетово, 17 јули 2025 (МИА) - Продавачите на чаеви, мед, разни планински растенија и овошја во иднина на тетовскиот зелен пазар ќе можат да ги нудат своите производи од новите еколошки тезги поставени во рамки на проектна активност на невладина организација и Општина Тетово.

Поставени се четири вакви тезги во рамките на проектот „Развој на планински туризам и одгледување на недрвни производи во функција на локалната економија“ на Здружението „Ренесанса“.
-Зелениот пазар во Тетово, за прв пат, ќе има простор за недрвни производи каде што одгледувачите ќе имаат можност бесплатно да ги користат еколошките тезги. Општина Тетово е посветена на поддршка на сите иницијативи што го подобруваат локалниот економски развој и на обезбедување соодветно место на жителите за продажба на недрвни производи и лековити билки, се вели во соопштението на Општина Тетово.
Овој проект е поддржан со грант од Фондација „Поврзување на природните вредности и луѓето“ (CNVP) во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси на Шара, Кораб-Коритник и Албанските Алпи“. ас/дма/
Фото: Општина Тетово