• среда, 26 јуни 2024

Еколошки активности и засадување на нови садници по повод Денот на екологијата во Делчево

Еколошки активности и засадување на нови садници по повод Денот на екологијата во Делчево

Делчево, 21 март 2024 (МИА) - Со засадување нови садници и еколошки активности во Делчево одбележан Меѓународниот ден на шумите и екологијата. Најголем дел од активностите се реализираа во основното училиште ,,Ванчо Прке" каде се реаализираше акција за засадување украсни зимзелени и листопадни дрвца.

-Во акцијата се вклучија учениците од прво до деветто одделение, а засадувањето на нови садници се изврши во задниот дел од училишниот двор. Голем број од ученици со своите наставници ја  расчистија зелената површина од лисја и отпадоци. Со овие активности,  учениците покажаа голема еколошка свест, за зачувување на естетската уреденост и чистотата на нашиот училишен двор, истакнаа од ООУ „Ванчо Прке".

Во рамки на одбележувањето пред учениците беа упатени голем број пораки за важноста и улогата на дрвјата во ублажувањето на влијанието на климатските промени.

-За учениците е важно да ги знаат позитивните ефекти на дрвјата врз локалната клима. Исто така е важно да научат дека урбаните дрвја се како воздушни филтри, тие се отстранувачи на загадувањето и создаваат полисти и поздрави градови. И секако пред учениците нагладивме дека урбаните шуми придонесуваат за локалните економии преку градско разубавување и туризам и обезбедување обновлива енергија, додадоа од ООУ „Ванчо Прке".

Овој ден најчесто во Делчево се одбележува со симболично засадување на дрвца со најмладите, со што се буди и развива еколошката свест кај најмладите генерации за големото значење на шумите. вс/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан