• вторник, 14 мај 2024

Еколошка работна акција за уредување на паркот околу  Спомен-костурница од НОВ кај Велес

Еколошка работна акција за уредување на паркот околу  Спомен-костурница од НОВ кај Велес

Велес, 1 април 2024 (МИА) - На Денот на работните акции - 1 Април, Здружението на граѓани „Акцијаши - ветерани“ од  Велес, Народниот Музеј и Општина Велес, во соработка со  активисти - млади волонтери  на Општинскиот Црвен крст и ученици од Државното средно стручно училиште „Коле Неделковски“  денеска организираа доброволна работна акција за уредување на паркот  околу Спомен-костурницата од НОВ  кај Велес.

Од ЗГ „Акцијаши - ветерани“ за МИА информираа дека целта на денешната работна акцијата била еколошка,  да се уреди оваа место - еден од симболите на Велес, каде почиваат загинатите борци од НОВ од  Велес и Велешко, а кое е атрактивно и за велешани и за бројните посетители. Една од целите, како што велат, е и да се одбележи 1 Април - Денот кој во поранешна СФРЈ беше Ден на доброволните работни акции.

Од Здружението потсетуваат дека во  бројните работни акции во тогашна Југославија учествуваа и бројни бригади со бригадири од Велес, кои денеска се акцијаши - ветерани членови на оваа здружение кое организира бројни работни акции.

Тие потенцираат дека во акцијата ги влучиле и младите, а  со цел да и пренесат позитивни работни  искуства во акцијаштвото  и доброволните работни активности  и да ги насочат кон заштита, уредување и унапредување на животната средина и други доброволни работни активности.

Оваа здружение ваква еколошка работна акција за средување на паркот кај Спомен-костурницата од НОВ организираше и изминатата година, а најавуваат други и вакви слични работни акции во и околината на Велес и пошироко. ад/мд/

Фото: Здружение на граѓани Акцијаши-Ветерани 

 

 
 

 

Остани поврзан