• понеделник, 20 јануари 2025

Еко-иницијатива на млади од Крива Паланка „За подобра иднина“

Еко-иницијатива на млади од Крива Паланка „За подобра иднина“

Крива Паланка, 20 декември 2024 (МИА) - Четворица млади средношколци од Крива Паланка спроведуваат проект за подигнување на свеста на граѓаните за селекција на отпад и за одржување чиста околина, насловен „За подобра иднина“, иницијатива на СУДЕКУ врснички едукатори кои преку низа активности од програмата за одржлива демократска култура  работат за придонес кон Целите за одржлив развој на ОН.

-Ние сме тим млади кои преку обуката за одржлива демократска култура од февруари годинава работиме на проектот и поттикнуваме наши врсници, собирајќи идеи, различни ставови и мислења, преку концептот на критичко размислување и разбирање на светот, зa заедно да направиме промени во нашиот град. Почетната идеја за реализација на акции за расчистување на спортските терени, каде што најчесто го поминуваме времето, ја променивме заедно со врсниците, ја доработивме со поддршка од Општина Крива Паланка, со службеникот за млади, Даниела Милошевска и создадовме партнерство со локалните институции, со Јавното претпријатие „Комуналец“,изјави Лина Ѓоргиевска, дел од младинскиот СУДЕКУ тим Крива Паланка, што го сочинуваат уште: Лана Ѓоргиевска, Мила Јакимовска и Матеј Ѓоргиевски.

Така, додаде, кампањата прерасна во голема акција со изработени флаери со помош на општината кои ќе бидат дистрибуирани до домаќинствата заедно со сметките за вода и отпад. Флаерите со наслов „СУДЕКУ- култура на одржување, не на уништување“ носат порака до граѓаните: каде и да оставате стапки, бирајте ги вашите постапки“.

Четворицата млади се едуцирани со програмата СУДЕКУ - Култура на одржлив развој - иновативен концепт на врсничка едукација со позитивни резултати на одржлива демократска култура. Нивните заложби носат придонес за чиста, здрава и одржлива средина.

Во контекст на пренесување на пораките, целта на проектот и концептот на учење, младите организираа и презентација во Европската куќа во Крива Паланка, нагласувајќи дека врсничката едукација е важна алка во развојот на секој млад човек, бидејќи им помага да се подготват за идни предизвици.

Тимот е дел од програмата заедно со група млади и возрасни врснички едукатори од Куманово и Скопје што за првпат во нашата држава ја импресионира здружението за унапредување меѓусебна доверба TAKT , Скопје поддржана од Универзитетот за едукација на професори од Цирих, финансирана од Швајцарската програма ( PHZH) за меѓународни едукативни проекти.ид/вј/

Фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан