• недела, 22 декември 2024

„Ековита“ ќе врши мониторинг на остварување на изборни ветувања на градоначалникот на Неготино

„Ековита“ ќе врши мониторинг на остварување на изборни ветувања на градоначалникот на Неготино

Неготино, 9 март 2023 (МИА) – Здружението на граѓани „Ековита“ во рамки на проектот „Еко Лупа“, во наредниот период ќе спроведува активности за мониторирање, на степенот на остварување на дадените изборни ветувања на градоначалникот Горан Стојанов, при што ќе бидат консултирани и граѓаните на општината Неготино. За ова вечерва информираа од ова регионално здружение.

- Мониторирањето на степенот на спроведување на изборните ветувања на политичките партии дадени на локалните избори во 2021, е дел од проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (МФИС) и финансиски поддржан од Владата на Швајцарија, соопштија од „Ековита“.

Оттаму се осврнаа на досегашните и идни проекти на здружението и најавија уште многу други активности. свд/ир

Остани поврзан