• четврток, 31 октомври 2024

Екипите на „Чистота и Зеленило“ во Куманово со изменето работно време поради портокаловата фаза

Екипите на „Чистота и Зеленило“ во Куманово со изменето работно време поради портокаловата фаза

Куманово, 17 јули 2023 (МИА) - Екипите на „Чистота и Зеленило“ Куманово ќе го изнесуваат сметот во три смени, согласно препораките на надлежните поради топлотниот бран кој ја зафати земјава и кумановскиот регион, соопштија денеска надлежните.

- Екипите ќе работат во три смени. Сметот ќе се изнесува во претпладневните, попладневните и ноќните часови, поради препораките што ги добивме од стручните кои се однесуваат за заштита на здравјето на вработените. Во најтоплиот ден од денот, нема да се изнесува сметот, туку во попладневните часови. Бараме разбирање од кумановци особено од централното градско подрачје, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.

Согласно изменетото работно време, екипите ќе работат во прва смена од 06 часот до 11, втората смена која работеше од 13 ќе почне со работа во 17 часот, третата е непроменета и почнува во 22 часот.

-Како и да е, екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе работат интензивно во останатиот дел од денот и нема да дозволиме во овие топли денови да имаме поголеми застои при изнесување на сметот, нагласи Стојчевски.ам/бт/

Фото: ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово

Остани поврзан