Едукативна ликовна колонија за лицата со посебни потреби реализираше музејот „Теракота“ од Виница
- Музејот „Теракота“ од Виница реализираше дел од проектот Едукативна ликовна колонија за лицата со посебни потреби од општината.
Виница, 17 септември 2024 (МИА) – Музејот „Теракота“ од Виница реализираше дел од проектот Едукативна ликовна колонија за лицата со посебни потреби од општината.
Активноста се спроведе во дворот на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Блатец, а учесници беа триесетина млади кои го посетуваат Дневниот центар за лица со посебни потреби во Виница.
-Со поддршка од учениците од ОУ „Кочо Рацин“ од Блатец и од волонтери од Општинската органзиција на Црвен крст – Виница, учесниците на колонијата сликаа акварели на слободна тема, а нивната работа ја координираа вработени од музејот. Целта на проектот е да се унапреди инклузијата и социјализацијата, како и да се работи на развивање на психомоторните способности на овие лица, истакна Сара Даневска, директорка на Музејот „Теракота“.
Во рамки на проектот беше реализирана и посета на Музејот за ретки минерали во Пробиштип, а лицата со посебни потреби ќе учествуваат и на настан што ќе се одржи во општина Ранковце.
Реализацијата на Едукативната ликовна колонија е со финансиска поддршка од Министерството за култура. та/нд/
Фото: МИА