• сабота, 23 ноември 2024

Едно добро полувреме недоволно за позитивен резултат на Еурофарм Пелистер на гостувањето кај ПИК Сегед

Едно добро полувреме недоволно за позитивен резултат на Еурофарм Пелистер на гостувањето кај ПИК Сегед

Сегед, 16 ноември 2023 (МИА) - Во натпревар со две различни полувремиња, македонскиот ракометен шампион РК Еурофарм Пелистер со пораз се враќа од Унгарија, каде вечерва ПИК Сегед славеше со 34:26.

Битолчани одлично го почнаа натпреварот, беа во постојано водство кое во два наврати беше и со 5 голови разлика (4:9, 5:10), а првото полувреме го завршија со водство од 19:18.

Шансата за успех и први бодови во Лигата на европските ракометни шампиони пропадна со влегувањето во игра на унгарскиот репрезентативен голман Роланд Миклер, кој беше нерешлива загатка за РК Еурофарм Пелистер, бранеше од сите позиции и ги обесхрабри битолчани во надежта за успех.

Најефикасен со девет постигнати голови беше домашниот бек Шоштариќ, но убедливо најдобар на средбата беше унгарскиот репрезентативен голман Роланд Миклер кој имаше 16 одбрани на својата мрежа.

Во следното коло Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед повторно ќе ги одмерат силите, но овој пат во спосртската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. мт/зс/

Остани поврзан