• недела, 12 мај 2024

Една жртва, две други лица повредени во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Велес

Една жртва, две други лица повредени во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Велес

Штип, 2 март 2024 (МИА) - Едно лице загина, а две други се повредени во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, потврди за МИА портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Според првичните информации, двете повредени лица во сообраќајната несреќа се хоспитализирани во Општата болница во Велес.

Несреќата се случила околу 18.20 часот, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички. Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а во моментов во прекин е и сообраќајот на овој експресен пат. вдј/цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан