• понеделник, 23 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Еди Хау примен во болница, нема да го води Њукасл против Манчестер Јунајтед

Еди Хау примен во болница, нема да го води Њукасл против Манчестер Јунајтед

Њукасл, 12 април 2025 (МИА) - Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, ќе го пропушти домашниот натпревар на тимот против Манчестер Јунајтед во недела. Тој беше примен во болница откако се чувствуваше лошо неколку дена и беше подложен на тестови во петокот, соопшти клубот.

-Медицинскиот персонал го префрли Еди во болница за дополнителни тестови, кои во моментов се во тек. Тој е свесен и зборува со своето семејство и продолжува да добива стручна медицинска помош, напишаа од Премиер лигата.

Помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс ќе го водат тимот на Сент Џејмс Парк во недела, објави Њукасл.

Хау (47) е на чело на Њукасл од 2021 година и му помогна на тимот да го освои Лига купот минатиот месец, откако го победи Ливерпул во финалето, првиот трофеј на клубот од 1969 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан