• четврток, 25 април 2024

Приведени три лица од скопско барани со потерници

Приведени три лица од скопско барани со потерници

Скопје, 25 март 2024 (МИА) – Единицата за интервентна полиција приведе три лица од Скопје и скопско барани со потерници.

Како што соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи, во селото Грчец, лишен е од слобода Ш.П. од селото Батинци, баран со централна потерница за затворска казна од пет месеци за сторено кривично дело по член 301 од Кривичниот законик, додека околу 15 часот на ул. „Фан Ноли“ во Скопје лишен е од слобода З.Д. од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за затворска казна од два месеци.

Во селото Страхолица, Зелениково, исто така денеска полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д. (34) баран со потерница за затворска казна од еден месец и 20 дена за сторено кривично дело по член 297 од КЗ.

Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа. ра/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан