• петок, 05 декември 2025

Единаесет македонски пингпонгари ќе учествуваат на Меѓународниот турнир во Скопје

Единаесет македонски пингпонгари ќе учествуваат на Меѓународниот турнир во Скопје

Скопје, 1 септември 2025 (МИА) – На претстојниот меѓународен пингпонгарски турнир за млади играчи што ќе се одржи во Скопје ќе настапат 11 Македонци.

Ова е рекорден број македонски играчи на еден турнир од вакво ниво.

Македонки пингпонгари на „World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender Skopje 2025“ се: Кристијан Каламадевски, Мартин Ристески, Давид Јоноски, Моника Стајковска, Сара Ризовска, Бојана Јовевска, Матеја Смолиќ, Лука Стојчев, Александар Јакимовски, Софија Хасану и Фани Јованоска.

Турнирот ќе се одржи од 5 до 7 септември во салата „Јане Сандански“. Ќе се играат натпревари во категориите до 15 и 19 години. зс/

Фото: МТТА

Остани поврзан