• недела, 23 јуни 2024

Едерсон би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија

Едерсон би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија

Манчестер, 22 мај 2024 (МИА) - Голманот на Бразил и Манчестер сити, Едерсон ова лето може да го напушти англискиот клуб и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, пишува на социјалните мрежи новинарот Фабрицио Романо.

Договорот на 30-годишниот фудбалер со Сити е до летото 2026 година. Клубовите од саудиската лига се заинтересирани за можноста за купување голман.

Самиот играч разгледува различни опции за продолжување на кариерата и е подготвен да се запознае со понудите од Саудиска Арабија.

Едерсон игра за Манчестер сити од 2017 година. Заедно со клубот стана шесткратен шампион и победник на ФА Купот, освојувач на Лигата на шампионите и четирикратен освојувач на англискиот Лига куп. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан