• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани од Општина Струга

Еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани од Општина Струга

Струга, 26 март 2025 (МИА) - Советот на Општина Струга на денешната вонредна седница донесе одлука за одобрување на финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.

Седницата почна со едноминутно молчење и оддавање почит на жртвите во несреќата.

- Се солидаризираме со граѓаните погодени од трагедијата во Кочани. Нема соодветен збор за сочувство, истакна претседателката на Советот Арбереша Влаши.

Средствата, како што појасни, ќе бидат уплатени преку солидарниот фонд на Црвениот крст, од каде ќе бидат распределени до погодените семејства.

Одлуката беше донесена едногласно од сите советници. сс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан