• петок, 05 декември 2025

Еден загинат откако руски дрон погодил медицинско возило во Херсон

Еден загинат откако руски дрон погодил медицинско возило во Херсон

Киев, 2 јуни 2025 (МИА) – Руски дрон погодил медицинско возило во Херсон, при што загина возачот, а две медицински лица се повредени, соопшти регионалната воена администрација, цитирана од Укринформ.

- Околу 17:00 часот, Русите нападнаа медицинско возило со дрон во центарот на Херсон, напиша регионалното обвинителство на Телеграм.

Според податоците на администрацијата, возачот загинал. Две медицински лица го преживеале нападот, и се здобиле со различни повреди.

Независната меѓународна комисија за истражување на злосторствата во Украина дојде до заклучок дека нападите со дронови на руските вооружени сили врз цивили на десниот брег на Дњепар во Херсонската област се квалификуваат како злосторства против човештвото, додава Укринформ. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан