• петок, 03 мај 2024

Египет испорача хуманитарна помош до Појасот Газа по воздушен пат

Египет испорача хуманитарна помош до Појасот Газа по воздушен пат

Каиро, 27 февруари 2024 (МИА) - Египетските воздухопловни сили денеска испуштија хуманитарна помош во блокираниот Појас Газа, јави Анадолија.

Повикувајќи се на воени извори, египетскиот јавен медиум Ал Кахера пренесува дека операцијата за испуштање помош од авионот била извршена во соработка со Јордан и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Како што се наведува, дека десет тони хуманитарна помош биле исфрлени во северниот дел на Појасот Газа.

Помош на ист начин беше доставена и до централните делови на Појасот Газа.

Според истиот извор, Египет планира да продолжи со ваквите хуманитарни акции. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан