• понеделник, 23 декември 2024

Евротинк ќе презентира резултати од анкета „Односите со Европската Унија, соседите и изборите“

Евротинк ќе презентира резултати од анкета „Односите со Европската Унија, соседите и изборите“

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Центарот за европски стратегии Евротинк денеска ќе презентира резултати од анкетата ЕВРОМЕТАР 2023, спроведена во текот на изминатиот месец.

Анкетата ги опфаќа и ставовите на граѓаните за демократијата во Република Северна Македонија, односите со Европската Унија, соседите, за надворешната политика, изборите и за тоа како се информираат граѓаните, т.е. кој медиум го користат како извор на информации.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ -
Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство
на Северна Македонија во ЕУ со финансиска поддршка од Европската Унија.свс/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан