• недела, 21 јули 2024

Европското првенство за кошаркарки во 2027 во Литванија и Финска

Европското првенство за кошаркарки во 2027 во Литванија и Финска

Лозана, 25 ноември 2023 (МИА) – Европското првенство за кошаркарки ќе се одржи од 16 до 27 јуни во Литванија и Финска, одлучи ФИБА Европа.

Со тоа продолжи традицијата континенталниот кошаркарски собир да се одржува во повеќе од една земја.

Финска ќе биде домаќин на групната фаза, додека во Литванија, покрај натпреварите по групи, ќе се одигра и завршницата во борбата за медали.

Актуелен европски кошаркарски првак во женска конкуренција е Белгија, која титулата ќе ја брани наследното Европско првенство кое во 2025 година заеднички ќе го организираат Чешка, Германија, Грција и Италија. ег/ми/

фото: Икс

Остани поврзан