• понеделник, 25 ноември 2024

Европски фронт потпиша декларација за поддршка на Декалогот на претседателскиот кандидат Османи

Европски фронт потпиша декларација за поддршка на Декалогот на претседателскиот кандидат Османи

Скопје, 31 март 2024 (МИА) - Претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи, денеска на лидерите на Европскиот фронт им го врачи Декалогот со своите 10 заложби како претендент за функцијата шеф на државата.

На презентацијата на Програмата присуствуваа лидерите на политичките партии кои се дел од Европскиот фронт, Али Ахмети од ДУИ, Мендух Тачи од ДПА, Зијадин Села од АА, Скендер Реџепи Зеј од Движење на народото, Аријанит Хоџа од Евроспката демокартска партија, од Демократската партија на Турците на Македонија Бејџан Иљас и Фатима Османовска од Унија на Ромите.

Османи при презентацијата ги наведе трите основни принципи на програмата од кои произлегуваат 10-те ветувања. Основните столбови се: компасот на геостратешката ориентација на земјата, врзивното ткиво на етничките и политичките наративи, како и Улогата креатор на државниот консензус.

Претседателскиот кандидат Османи потоа ги образложи секое од десетте ветувања што, вели, ќе ги исполни ако биде избран за претседател на државата.

-Интеграција во ЕУ до 2030 година, избор на претседател преку Собранието со двојно мнозинство, Партнерство и стратешки дијалог со САД, формирање на меѓународен одбор со САД, ЕУ и НАТО за сертификација на сите носители на јавни функции, зајакнување на Армијата во согласност со стандардите на НАТО, соодветно меѓународно етаблирање преку надворешната политика, задржување на младите во земјата, образование и иновации, како и зелена агенда, се  заложбите на Османи

Лидерите на Европскиот фронт денеска на средбата дадоа согласност за вклучување во Програмата на клучни прашања од стратешко значење за државата и потпишаа Декларација за поддршка на Декалогот на Европскиот претседател, стои во соопштението. ра/вг/

Фото: Европски фронт

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан