• петок, 27 декември 2024

Европските лидери го осудија шокирачкиот напад врз словачкиот лидер

Европските лидери го осудија шокирачкиот напад врз словачкиот лидер

Братислава, 15 мај 2024 (МИА) - Лидерите ширум Европа, во првичните свои изјваи, изразија вознемиреност од пукањето во кое попладнево беше ранет словачкиот премиер Роберт Фицо, јави ДПА.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди пукањето во словачкиот премиер Роберт Фицо, истакнувајќи на платформата Х дека е „длабоко шокиран од веста за кукавичкиот напад на словачкиот премиер Фицо“.

„Насилството не смее да постои во европската политика. Во овие часови моите мисли се со Роберт Фицо, неговото семејство и граѓаните на Словачка“, напиша германскиот канецлар.

„Шокантни вести од Словачка. Роберт, моите мисли се со тебе во овој многу тежок момент“, напиша полскиот премиер Доналд Туск на X.

„Длабоко сум шокиран од грозоморниот напад врз мојот пријател, премиерот Роберт Фицо. Се молиме за неговото здравје и брзо закрепнување! Бог да го благослови него и неговата земја! напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Веста за пукањето на словачкиот премиер Роберт Фицо е шокантна. Посакувам премиерот да оздрави што побрзо. Не смееме да толерираме насилство, тоа не смее да има место во општеството“, изјави чешкиот премиер Петр Фиала, пренесе ДПА. сд/

фото;МИА архива

Остани поврзан