• петок, 22 ноември 2024

Европските левичарски групи обвинети за двојни стандарди во однос на владеењето на правото  

Европските левичарски групи обвинети за двојни стандарди во однос на владеењето на правото  

Брисел, 26 ноември 2023 (МИА) - Конзервативните политички групации во Европскиот парламент ги обвинија левичарските групи Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), Зелените и Левицата дека имаат двојни стандарди околу принципите на владеењето на правото со тоа што се критички настроени кон Унгарија и Полска, а не реагираат на „контроверзните договори“ на Владата на Шпанија со сепаратистичките партии. 

- Социјалистите и левицата го загубија целиот кредибилитет да го бранат владеењето на правото на европско ниво со таквото однесување. Левицата молчи, но Европа не, изјави претседателот на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер. 

Тој дури го шпанскиот премиер и прв човек на Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), Педро Санчез со лидерот на полската национал-конзервативна и десно популистичка партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качињски. 

Европска Унија е должна да ги прекине преговорите за членство со Турција, изјави лидерот на најголемата партија во Европски парламент, Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер

Европратеникот од редовите на шпанската конзервативно-либерална партија Граѓани (Ц’с), Адријан Васкез изјави дека не му е јасно што се случило со социјалистите со кои досега заедно го бранел „владеењето на правото во Полска и на други места“. 

- Што се случи, што е различно, што се смени? Како не можеме да го одбраниме она што го браневме пред 12 недели и да го кренеме гласот?, истакна Васкез, чија партија е во опозиција во Шпанија. 

Европските конзервативци му забележуваат на Санчез за постигнатите договори со каталонските и баскиските сепаратистички партии, во замена за нивна поддршка во Парламентот за избор на неговата малцинска Влада. Договорите предвидува усвојување на закон за амнестија, со кој би биле опфатени каталонските политичари обвинети за организација на референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија, како и можност за формирање на парламентарни комисии, кои би го истражувале „спроведувањето на законот“ од страна на судиите. 

Шпанскиот Парламент денеска започнува расправа за поддршка за предлогот на привремениот премиер Педро Санчез за формирање коалициска влада.

Според претставниците на конзервативните политички групации, ваквите законски интервенции имаат елементи на непочитување на принципите на владеењето на правото. 

Од друга страна, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) оцени дека шпанскиот закон за амнестија е во согласност со Уставот на Шпанија, Договорите за формирање на ЕУ и одлуките од Судот на правдата на ЕУ и Европскиот суд за човекови права.  

Според СД, амнестиите не се никаква новост, тие се присутни како можност во уставите на неколку земји членки на ЕУ и тој инструмент постојано се користи во последните децении. 

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) изразува разочаруавње поради бугарската блокада на стартот на преговорите за членство Северна Македонија во ЕУ, порачувајќи дека политичката мудрост

Европската комисија веќе побара информации од шпанската Влада во однос на овие закони, кои властите во Мадрид ги доставија до Брисел. 

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс изјави дека Комисијата врши „многу внимателни, независни и објективни анализи“ за да утврди дали шпанскиот закон за амнестија е во согласност со правото на ЕУ, но нагласи и дека Каталонија е „внатрешна работа“ на Шпанија. 

- Дебатата и анализата на законот за амнестија мора да се одвиваат во Шпанија, во шпанската уставна рамка, и мора да започнат во шпанскиот Парламент, истакна Рејндерс, кој доаѓа од редовите на либералното белгиско франкофонско Реформско движење (МР). сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан