• петок, 22 ноември 2024

„Европскиот фронт“ ја претстави програмата за парламентарните избори насловена „Европа 2030“

„Европскиот фронт“ ја претстави програмата за парламентарните избори насловена „Европа 2030“

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ денеска во Скопје ја претстави својата програма за парламентарните избори насловена „Европа 2030“. Програмата се базира на три столба: првиот е „Еден премиер за сите“, вториот се однесува во делот на надворешната политика „Не за Русија, Да за Европа“ и третиот столб е Договор за економски консензус.

Програмата за парламентарните избори кои се закажани за 8 мај, од името на коалицијата ја презентираше министерот за финансии и шеф на Централниот изборен штаб Фатмир Бесими.

Бесими објасни дека идејата на првиот столб „Еден премиер за сите“ е продолжување на тоа што досега остварено што претходно било презентирано како „Прв премиер Албанец во Македонија“.

 Ne, partitë politike të ofrojmë klimë pozitive në diskutimet në debatet politike dhe të mundësojmë bashkëjetesë, theksoi shefi i Shtabit Qendror Zgjedhor të

-И тогаш, и сега, ова намера е да имаме премиер кој е еднаков за сите, дава еднакви можности за сите и гради држава која ќе биде спремна за членство во Европска унија. Идејата на слоганот „Еден премиер за сите“ е да се обезбеди систем што ќе даде можност за добро владеење, еднаквост, консензуалност во важни одлуки за земјата, консензуален претседател на државата избран во Собранието со двотретинско и Бадентерово мнозинство, кохезија, владеење на правото и правдата, ветинг за сите носители на јавни функции во законодавната, извршната и судската власт, борба против корупцијата и организираниот криминал, професионална администрација и дигитализацирање на јавните услуги, безбедност и ред, рече Бесими.

Бесими за вториот столб потенцира дека се базира на нивната стратешка ориентација како членка на НАТО, но и членство во Европската унија. Посочи дека определбата е „За“ интеграција во Европска унија во 2030 година, уставни измени во 2024 година и отворање на преговорите со Европската унија во 2024 година и „Не“ за руското влијание.

Третиот столб го сочинуваат пет потстолба - Конкурентна економија и дигитална трансформација, одржлив развој и зелена трансформација, современа инфраструктура и рамномерен регионален развој, човечки капитал и квалитетен живот, активна младина и еднакво општество. При изработувањето на третиот столб на програмата Договор за економски консензус биле вклучени сите чинители во општеството, бизнис заедницата, претставниците на синдикатите, претставниците на сите други организации во општеството академската заедница во однос на важни теми за нашата економија.фф/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан