• недела, 22 декември 2024

Европска комисија: Проширувањето е стратешки интерес на ЕУ, да се вклучи во проектирањето на буџетот на ЕУ

Европска комисија: Проширувањето е стратешки интерес на ЕУ, да се вклучи во проектирањето на буџетот на ЕУ

Брисел, 20 март 2024 (МИА) – Европската комисија денеска усвои документ за реформи пред проширувањето и преглед на политиките, во кој се наведува дека проширувањето е од стратешки интерес за самата ЕУ и се порачува дека процесот на проширување треба да биде вклучен во проектирањето на следната повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ.

Во документот, кој треба да придонесе за тековниот процес на дискусија за внатрешните реформи што ЕУ мора да ги спроведе за да се подготви за проширување, се бара од земјите во процесот на проширување да се усогласат со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и се вели дека проширената ЕУ не треба со себе да носи нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови.

Во документот се посочува дека постепената интеграција стана важен елемент во подготовката на земјите за проширување долго пред пристапувањето, а исто така се предлага преминување од едногласно кон мнозинско одлучување во рамките на ЕУ во некои клучни области, вклучително и проширувањето, со одредени гаранции кои би ги заштитиле „стратешките национални“ интереси на земјите-членки. јт/

Остани поврзан