• недела, 22 декември 2024

Европол разби руско-евроазиски синџир за перење пари и приведе четири лица

Европол разби руско-евроазиски синџир за перење пари и приведе четири лица

Брисел, 21 февруари 2024 (МИА) - Европските истражители започнаа голема операција против руско-евроазиска криминална група за перење пари, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на европската полициска служба Европол.

Претресени се околу 100 згради, а четири лица се приведени, соопшти агенцијата за спроведување на законот на Европската унија.

Финансиска институција во Малта беше претресена и обвинета дека дејствувала како координативен центар за незаконските операции.

Европол соопшти дека околу 4,5 милиони евра од криминални активности биле испрани преку институцијата во Малта. Парите поминале низ мрежа на фиктивни фирми, поради што е речиси невозможно да се следи нивното потекло.

Според Европол, криминалците оперирале главно од Берлин и од главниот град на Летонија, Рига.

Во работата на европската служба учествуваа властите од Летонија, Германија, Малта, Франција, Естонија, Италија и други. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан