• сабота, 06 јули 2024

Евробаскет 2022: Франција спречи уште едно изненадување на крајот на четвртиот ден

Евробаскет 2022: Франција спречи уште едно изненадување на крајот на четвртиот ден
Келн, 4 септември 2022 (МИА) – На Европското првенство 2022 во текот на денешниот ден се одиграа натпреварите од третото коло во А и Б групите. Четвртиот ден на Евробаскет го одбележаа неколку изненадувања. Белгија ја совлада Шпанија, Босна и Херцеговина беше поуспешна од бранителот на трофејот Словенија, Грузија ја победи Турција. Унгарците беа на чекор до победа со Франција, но „триколорите“ беа поконцентрирани во финишот. Резултати: Бугарија – Црна Гора 81:91 Литванија – Германија 107:109 (по две продолженија) Шпанија – Белгија 73:83 Словенија – БиХ 93:97 Турција – Грузија 83:88 (по две продолженија) Франција – Унгарија 78:74. Табела А-група: Шпанија 5 бода, Турција 5, Црна Гора 5, Белгија 5, Грузија 4, Бугарија 3. Табела Б-група: Германија 6 бода, Словенија 5, БиХ 5, Франција 5, Литванија 3, Унгарија 3. зс/

Остани поврзан