• петок, 20 декември 2024

Евроамбасадорот Рокас во посета на Битола

Евроамбасадорот Рокас во посета на Битола

Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) - Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ја посети општина Битола. Посетата ќе почне со поединечни средби со битолскиот градоначалник Тони Коњановски и со Советот на општината, информираат од Делегацијата на ЕУ.

Подоцна, амбасадорот Рокас ќе се сретне со претставници на граѓанското општество кои се активни во областите на одржливиот развој, активизмот кај Ромите, женските права и социјалното претприемништво.

Посетата ќе биде заокружена во Јуроп Хаус Битола со дискусија со студенти од универзитетот „Св. Климент Охридски“ за заедничкиот регионален пазар што произлегува од Планот за раст на ЕУ и придобивките што младите од Северна Македонија можат да ги извлечат од него.

- Ова е прва од серијата општински посети на амбасадорот Рокас од почетокот на неговиот мандат во септември 2024 година. Целта е да се оди на локално ниво за да се претстави Европската унија и процесот на интеграција поблиску до граѓаните, притоа разговарајќи за придобивките од пристапувањето во ЕУ и влијанието на помошта од ЕУ на дневна основа, велат од Делегацијата на ЕУ. ир/лв/

 

Фото: МИА

Остани поврзан