• понеделник, 23 декември 2024

Евакуирана зградата на Радио-телевизија Србија по дојава за поставена бомба

Евакуирана зградата на Радио-телевизија Србија по дојава за поставена бомба

Белград, 21 ноември 2023 (МИА) - Зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) во центарот на Белград денеска е евакуирана по дојава за поставена бомба, потврдија за агенцијата Бета од Министерството за внатрешни работи.

Министерството соопшти дека дојавата за бомба била испратена преку електронска пошта, по што зградата била евакуирана, а во тек е проверка на објектот.

Како што дознава агенцијата Бета од колегите од РТС, повеќе од половина од луѓето ја напуштиле зградата, а во заканувачкото писмо било наведено дека бомбата ќе експлодира во 18 часот.

Според Здружението на новинари на Србија, од истата причина е евакуирана и зградата на Радио Белград.

Непознато лице пријавило дека е поставена експлозивна направа во зградата на Радио телевизија Војводина (РТВ), каде исто така е во тек контрадиверзантски увид, се наведува на сајтот на РТВ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан