• петок, 05 декември 2025

Дурмиши се сретна со генералниот директор на МОТ Жилбер Хоунгбо

Дурмиши се сретна со генералниот директор на МОТ Жилбер Хоунгбо

Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на посетата на Женева денеса оствари работна средба со генералниот директор на Меѓународната организација на трудот (МОТ) Жилбер Хоунгбо, на која се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Северна Македонија и МОТ.

Како што информира Министерството за економија и труд, министерот Дурмиши информираше за тековните реформи во областа на трудот, меѓу кои е и подготовката на пет нови закони, започнувањето на нов проект за унапредување на безбедноста и здравјето при работа, продолжувањето на активностите поврзани со Гаранцијата за млади, како и напредокот во функционирањето на Економско-социјалниот совет.

- Беше истакната и посветеноста на државата на имплементацијата на Конвенцијата 190 на МОТ, како и на клучни приоритети како што се: трудовата миграција, родовата еднаквост, платформската работа, зелените работни места и поддршката за малите и средни претпријатија, се вели во соопштението. мд/вг/

Фото: Министерство за економија и труд

Остани поврзан