• сабота, 18 мај 2024

Дурант го престигна Гарнет на листата најдобри стрелци во НБА

Дурант го престигна Гарнет на листата најдобри стрелци во НБА
Њујорк, 25 ноември 2022 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант, ја престигна легендата на Бостон, Кевин Гарнет, на листата најдобри стрелци во историјата на НБА-лигата. На натпреварот против Торонто одигран вчера, Дурант постигна 12 поени. Сега напаѓачот има 26.074 (958 натпревари) поени за својата кариера. Гарнет има 26.071 (1.462 натпревари). Дурант се искачи на 18. место во вкупната листа. Прв пред него е Џон Хавличек со  26.395 поени. зс/    

Остани поврзан