• петок, 05 декември 2025

ДУИ: Aмaндмaнитe во Собранието не ве ослободуваат од одговорност

ДУИ: Aмaндмaнитe во Собранието не ве ослободуваат од одговорност

Скопје, 18 јули 2025 

Обидот на албанските избраници од ВМРО во Владата да се оправдаат за бришењето на ќленот 96 од Законот за полиција претставува врв на хипокризијата и најјасен израз на нивното реално отсуство од владеењето.

Сега ветуваат дека ќе го „исправат со амандмани во Собранието“, додека самите биле присутни на седницата на Владата каде што оваа измена беше тивко усвоена. Ова е непобитен факт.

Членот 96, кој гарантираше етничка застапеност во полицијата, е уставна обврска што произлегува од Амандманот 6 и Охридскиот рамковен договор. Неговото укинување не е „лапсус“, туку дел од стратегија за исклучување на Албанците од државните институции, особено од безбедносните структури.

Ние сме во Собранието, таму каде што се носат законите, и таму ќе го запреме овој опасен обид. Вие го одобривте во Владата, сега е доцна да глумите заштитници на јавниот интерес.

Албанците веќе не се лажат од фасади. Не е доволно физички да се биде присутен во Владата, ако политички сте непостоечки.

 

Демократска унија за интеграција

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан