ДУИ: Јавноста заслужува одговори дали во Куманово имало средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин за српска инвестиција
- Во интерес на транспарентноста и правото на граѓаните на информираност, ја отвораме следната дилема за која јавноста заслужува одговори: Дали во февруари 2025 година, во кабинетот на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на заменик-премиерот Стоилкович, се одржала средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин, на која била разгледувана и координирана значајна српска инвестиција во „Битолска Банка“?, се вели во соопштение од ДУИ, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 4 септември 2025
Во интерес на транспарентноста и правото на граѓаните на информираност, ја отвораме следната дилема за која јавноста заслужува одговори: Дали во февруари 2025 година, во кабинетот на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на заменик-премиерот Стоилкович, се одржала средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин, на која била разгледувана и координирана значајна српска инвестиција во „Битолска Банка“?, се вели во соопштение од ДУИ, што МИА го објавува интегрално.
Доколку овие информации се точни, јавноста мора да биде запознаена со мотивите, содржината и последиците на таков состанок. Секоја непрозирност во врска со меѓународни финансиски интереси отвора сериозни сомнежи за политичко влијание и зависност.
Затоа, ги повикуваме сите инволвирани страни – градоначалникот на Куманово, заменик-премиерот Стоилкович и Изет Меџити да дадат јасни и навремени појаснувања пред јавноста.
Демократска унија за интеграција - ДУИ
Фото: МИА архива