• петок, 05 декември 2025

ДУИ: Укинувањето на одлуката за Медресата – опасен чин што ги поткопува основните слободи и меѓурелигиската кохезија

ДУИ: Укинувањето на одлуката за Медресата – опасен чин што ги поткопува основните слободи и меѓурелигиската кохезија

Скопје, 2 мај 2025

Најновата одлука за укинување на статусот на Медресата претставува опасен преседан што ги разнишува темелите на една рамноправна, демократска и инклузивна општествена структура. 

Ова не е техничка одлука – ова е директен напад врз правото на верско образование и врз слободите загарантирани со Уставот и законите на државата.

Овој чин испраќа порака дека овој режим, е подготвен да ги жртвува основните принципи на правичност и верска рамноправност. 

Наместо да штитат вредности, тие ги бришат институциите кои со години придонесувале за религиозен соживот, културен развој и толеранција.

Најзагрижувачки е фактот што вазалите  од ЛЕН со своето соучесништво – ја легитимираат оваа антидемократска насока и не само што прават непоправливи штети, уште и безсрамно манипулираат со јавноста, фрлаат лажни обвинувања и стануваат инструмент во демонтажата на важни општествени придобивки.

ДУИ апелира до јавноста, до религиозните заедници, до граѓанскиот сектор и до меѓународните партнери – да не останат неми пред ова опасно скршнување.

Ова не е партиско прашање – ова е прашање на принципи, кои се однесуваат на слободата, достоинството и еднаквоста на сите граѓани.

Не смееме да дозволиме враќање назад. 

Ќе се спротивставиме решително на секој обид за исклучување, поделби и поткопување на основните слободи на граѓаните.

 

Демократска унија за интеграција

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан