• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ: Скопје се гуши, нелегитимниот министер за животна средина се занимава со своите приватни интереси

ДУИ: Скопје се гуши, нелегитимниот министер за животна средина се занимава со своите приватни интереси

Скопје, 14 ноември 2024

Во време кога Скопје е еден од најзагадените градови во светот, нашите граѓани се соочуваат со директна закана по животот од воздухот што го дишат секој ден. Оваа немилосрдна загаденост ги убива граѓаните тивко, претворајќи го секој здив во отров за нивното здравје.

Додека болниците се полнат со граѓани кои се жалат на тешкотии со дишењето и здравствени проблеми поврзани со загадувањето, нелегитимниот министер за животна средина продолжува да се занимава со своите приватни интереси во казино бизнисот и многу други. Овој министер, избран не од граѓаните преку слободен и демократски избор, туку на состаноците на  ВМРО-ДПМНЕ, е симбол на неодговорна власт која не се грижи за благосостојбата на граѓаните, туку за личните интереси на тесна група.

Како да не е доволно што нашите деца ги губат животите во клиники поради лошо управување, додека трошоците за живот се зголемуваат на нивоа што се неподносливи за многу семејства, сега и секој здив на граѓаните е чин што го загрозува нивното здравје и живот. Сето ова се случува затоа што оваа влада постојано не успева да преземе ефективни мерки против загадувањето, да обезбеди чист воздух и да го заштити животната средина.

Фактите се јасни: влада  која не успева да го заштити правото на граѓаните на чиста и здрава животна средина, не може да се смета ниту за легитимна ниту за компетентна. Додека граѓаните ги трпат последиците од загадувањето, плаќајќи ја највисоката цена – своето здравје и живот – оваа влада останува рамнодушна, игнорирајќи ги итните повици за акција.
 ДУИ повикува на итни и брзи мерки од надлежните власти за справување со оваа здравствена и еколошка криза. Граѓаните на земјата заслужуваат чист воздух, заштита од загадувањето и влада која ги штити и се грижи за нив, а не влада која ги остава на милост и немилост на околностите.  

ДУИ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан