• четврток, 26 март 2026

ДУИ: СДСМ не се однесува како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ: СДСМ не се однесува како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 11 јануари 2025 

Однесувањето на СДСМ денес изгледа како сè, само не како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ. 

Наместо да се бори против актуелната власт, СДСМ се однесува како „заробена“ партија, која не се осмелува вистински да ја предизвика Владата, туку само ја легитимира со своето молчење и согласност. 

Оваа трансформација не е случајна. Необјавениот договор меѓу Мицкоски и Заев, со посредство на олигархот Ангушев, има јасна цел: да обезбеди имунитет, во замена за власт што ќе го елиминира политичкото влијание на Албанците.  

Зарем не е токму ова причината зошто СДСМ не се спротивставува на засилувањето на елементите на „српскиот свет“ во Македонија? 

Зошто не реагира на политиките што имаат за цел да ја намалат политичката и економската улога на Албанците? 

Зошто нема никаква критика за прекршувањето на етничкиот баланс, исклучувањето на Албанците од институциите и уривањето на механизмите на претставување? 

СДСМ веќе не е опозиција, туку тивок гарант на проект што им служи само на две групи: на ВМРО-ДПМНЕ и на оние што сакаат да го вратат назад процесот на политичка и економска еднаквост на Албанците. 

Но, СДСМ не може да избега од својата историска одговорност. 

Како партија што тврди дека е левичарска, мора да се врати на својот идеолошки идентитет и да ги брани принципите врз кои е изградена: граѓанска еднаквост, правична застапеност, еднакви можности и општествен напредок. 

Молкот и покорноста пред националистичките агенди не е патот на СДСМ – тоа е патот кон нејзината конечна пропаст. 

Албанците нема да дозволат да бидат жртвувани во тајните политички зделки. 

А ниту македонските граѓани што веруваат во еднаквост и правда не треба да го дозволат тоа. 

Оние што денес молчат пред овa опасно сценарио, утре ќе сносат одговорност за неговите последици.

ДУИ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан