• среда, 20 ноември 2024

ДУИ: Министерот за здравство веднаш да поднесе оставка

ДУИ: Министерот за здравство веднаш да поднесе оставка

Скопје, 11 ноември 2024

Во изминатите месеци, здравствениот систем во Северна Македонија доживеа трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста. Необјаснивите загуби на животи на деца во Педијатриската клиника се јасен аларм за сериозната состојба во која се наоѓа нашето здравство.

Дополнително, загрижувачки е да се забележи намерната тенденција за маргинализација и замена на албанскиот медицински персонал со македонски кадар, како што е последниот случај во Здравствениот дом во Куманово. Овие постапки не само што ја поткопуваат внатрешната кохезија на здравствените институции, туку и го нарушуваат квалитетот на услугите што им се нудат на нашите граѓани.

Во меѓувреме, министерот за здравство изгледа повеќе ангажиран во туристички патувања во Дубаи и партиски активности, занемарувајќи ги своите обврски кон граѓаните. Овој недостаток на посветеност и одговорност е неприфатлив, особено кога здравјето и животот на нашите деца се во опасност.

Покрај тоа, јасно е дека нелегитимниот министер за здравство, кој дејствува како марионета на ВМРО и е вклучен во корупција, покажува и висок степен на неспособност во управувањето со здравствениот сектор. Оваа комбинација на сервилност, корупција и неспособност води кон длабока криза, каде што нашите граѓани ја плаќаат највисоката цена.

Граѓаните бараат министерот за здравство веднаш да поднесе оставка и да преземе одговорност за овие сериозни неуспеси. Исто така, повикуваме на независна и транспарентна истрага за последните смртни случаи во Педијатриската клиника и на итно запирање на дискриминацијата кон албанскиот медицински персонал.

Време е да ги ставиме интересите на граѓаните и здравјето на нашите деца над личните амбиции и политичките агенди. Ние нема да останеме неми пред оваа неправда и ќе продолжиме да се бориме за здравствен систем кој им служи на сите граѓани, без разлика.

ДУИ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

Остани поврзан